УСЛУГИ КОИ ГИ НУДИ ЕДУКАТИВЕН КЛУБ ИМПАКТ





ПОМОШ ПРИ ПИШУВАЊЕ ДОМАШНИ
ЧИТАЊЕ И ПИШУВАЊЕ / ОПИСМЕНУВАЊЕ
ДОПОЛНИТЕЛНИ ЧАСОВИ
ПОДГОТОВКА ЗА ПИСМЕНИ



ЗА ИМПАКТ

Едукативен Клуб Импакт е социјално претпријатие кое нуди образовни услуги за ученици од основно и средно образование, од страна на професионални и искусни едукатори / наставници, посветени на постигнување успех. Услугите кои ги нудиме се однесуваат на одржување дополнителни часови, подготовка за писмени / тестови / контролни задачи, како и поддршка при пишување на домашни задачи.


ТЕСТЕМОНИЈАЛИ


За едукативниот клуб Импакт се информирав преку социјалните медиуми. Ја поздравувам идејата за основање на социјално претпријатие кое има мисија да направи социјална инклузија на старите лица. Уште повеќе што обезбедува работен ангажман за нив и после нивното пензионирање. Мојата мајка, пензиониран наставник по моја препорака, веднаш реши да се вклучи во тимот на едукатори. (Маја, 42 години)
Многу интересен концепт за учење и можност за учениците да стекнат знаење од реномирани наставници со долгогодишно искуство. Ја поздравувам идејата и посакувам сѐ повеќе активни корисници во иднина. (Кате, 33 години)